ФОТО | Свршеницата на Милош Биковиќ сподели идилична глетка од луксузниот дом во кој уживаат со синот

Фото: Инстаграм/Ивана Малиќ

Свршеницата на српскиот актер Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, стана мајка на 9 јануари, донесе радост во нивниот заеднички живот и ги одушеви нивните обожаватели. Откако станаа родители на прекрасен син, нивното среќно семејство ужива во идиличните моменти во нивниот луксузен дом во Белград, споделувајќи незаборавни моменти, а неодамна споделениот поглед на снежниот пејзаж од прозорецот на домот дополнително ја разубави атмосферата и радоста на родителството.

Фото: Принтскрин /Инстаграм

Од прозорецот во нивниот дом се пружа прекрасен поглед на Калемегдан, а снегот кој паднал во текот на викендот придонесе за идиличната сцена која Ивана ја сподели на својата инстаграм-приказна.

Фото: Инстаграм/Ивана Малиќ

Да потсетиме, Ивана пред неколку дена излезе од породилно со синот што го доби со актерот Милош Биковиќ.

Како што шпекулираат српските медиуми, Биковиќ и неговата избраничка на синот му го дале името Василије, а името на наследникот не е случајно избрано. Имено, двојката доби син во пресрет на Свети Василиј, а ден пред овој голем христијански празник актерот го слави роденденот.

Василије е роден четири дена пред роденденот на татко му, а Биковиќ на Инстаграм истакна дека тоа му бил најубав подарок и благослов.

Фото: Instagram / ivanamalic_

Семејството е конечно заедно: Прва објава на вереницата на Милош Биковиќ откако станаа родители

ВИДЕО | Славеле до зори: Актерот Милош Биковиќ приреди луда прослава за раѓањето на синот

ФОТО | Девојката на Милош Биковиќ го покажа трудничкиот стомак: Адвокатката изгледа прекрасно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот