ФОТО: „Смрт за јаншизмот, слобода за сите“- Словенците масовно против владата на Јанша

Во Љубљана вечерва се одржа масовен протест против владата на премиерот Јанез Јанша, што е покриен со силно полициско обезбедување, кое предупреди дека станува збор за непријавен митинг и затоа ги повика учесниците да постапат според нејзините препораки, со дополнително предупредување дека ќе интервенира во случај на инциденти.

љубљана протест
Фото: EPA-EFE/Tomi Lombar

Според проценките на словенечките медиуми, вечерва околу 18 часот на плоштадот „Прешерн”  се собраа повеќе од 40.000 лица и досега не се забележани инциденти.

Протест Словенија јанша
Фото: EPA-EFE/Tomi Lombar
љубљана протест
Фото: EPA-EFE/Tomi Lombar

Покрај синдикатите, студентите, еколошките и невладините организации, на митингот учествуваат неколку пратеници од двете опозициски партии, а на протестот се бара оставка од владата и распишување нови парламентарни избори.

Претходно, денеска, владеачката коалиција на словенечкиот премиер  Јанша доживеа нов неуспех во обидот да го смени  претседателот на парламентот, Игор Зорчиќ, кој ја напушти коалициска Партија на демократскиот центар (СМК) и формираше свој независен парламентарен клуб поради несогласувања со владата.

Љубљана протест јанша
Фото: EPA-EFE/Tomi Lombar

Како и на минатомесечното гласање за смена на спикерот на парламентот, на владеачката партија и недостасуваше еден глас. За смена на Зорчиќ  гласаа 45 пратеници, еден помалку од потребното мнозинство, две гласачки ливчиња беа неважечки, додека опозициските партии ја напуштија салата пред гласањето, пренесе Хина.

јанша протест Љубљана
Фото: EPA-EFE/Tomi Lombar

Претседателот на парламентарната група на Словенечката демократска партија (СДС) на премиерот Јанша изјави дека владеачката партија ќе побара ново гласање на претседателското место во парламентот да седне Јожеф Хорват од демохристијанската Нова Словенија (НСИ), додека Зорчиќ по гласањето кажа дека денешната одлука на пратениците потврдува дека тој е суверена институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот