ФОТО | Шегите за стајлингот на Џастин Бибер на Греми наградите не престануваат: Јасно е и зошто

џастин бибер
Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли / Фото: EPA-EFE

Познатиот музичар Џастин Бибер на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите се појави со својата сопруга Хејли Бибер. Иако таа го привлече вниманието со едноставниот бел фустан, ден по сензационалниот музички настан на сезоната, целиот Интернет „брмчи“ само за стајлингот на Џастин.

џастин бибер
Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли / EPA-EFE/DAVID SWANSON

Пејачот за овој настан одбрал сив преширок костум направен само за него од модната куќа „Balenciaga“ во комбинација со многу впечатливи чевли од истиот бренд создадени во соработка со познатиот бренд „Crocs“.

Церемонијата на доделување на престижните музички награди се одржа во Лас Вегас, а во морето од музичари и пејачи, се истакна брачниот пар Бибер.

џастин бибер
Џастин Бибер / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Џастин Бибер позираше покрај сопругата Хејли Бибер, која блескаше во бел долг фустан. Сепак, денес најмногу се зборува за „несмасниот“ стајлинг на нејзиниот сопруг.

28-годишниот Бибер е познат по својот опуштен и карактеристичен пристап кон модата, но овој пат обожавателите не го поштедија.

Тој стана вирален хит, а многумина го споредуваат со Том Хенск во филмот „Big“ и пејачот Дејвид Брн, познат по преголемите јакни во кои настапуваше.

Еве некои од најинтересните твитови:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот