ФОТО: Северина и Игор Којиќ ги избришаа последните заеднички фотографии од Инстаграм

Instagram
Северина и Игор Којиќ / Фото: Инстаграм @severina

Последните заеднички фотографии што Игор Којиќ и Северина ги објавија на своите профили на Инстаграм сега се избришани, пренесуваат регионалните медиуми.

Иако Северина минатото лето му го честиташе роденденот на Игор, додека медиумите пишуваа дека се наоѓаат во брачна криза, се повеќе се ширеа гласини дека хрватската поп дива и нејзиниот сопруг се уште се разделуваат.

Instagram
Северина, Игор Којиќ и неговите родители Кеба и Олја / Фото: Инстаграм @severina

За тоа сведочи честитката за роденденот што сега е избришана од инстаграм – профилот на Северина.

„На ова прекрасно машко суштество, Игор Којиќ, му посакувам среќни 33 вртежи во минута! Среќно, љубов“, напиша тогаш пејачката.

Instagram
Северина и Игор Којиќ / Фото: Инстаграм

Последната заедничка фотографија од парот, објавена од Којиќ, исто така веќе ја нема на социјалната мрежа. Избришана е!

Instagram
Instagram

Фотографиите што ги објавиле порано сè уште се наоѓаат на нивните профили на Инстаграм. Игор сè уште ја чува фотографијата што е направена пред Националниот театар Сараево за време на филмскиот фестивал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот