Напуштениот објект кај мостот Беласица до трговскиот Истгеит - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Напуштениот објект кај мостот Беласица до трговскиот Истгеит - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ФОТО | Руината кај мостот „Беласица“ ниту се урива ниту се обновува, само се полни со ѓубре

Според важечкиот ДУП С 08 на Општина Центар, на оваа локација е зацртана маркичка за единаесеткатница, поточно за објект со приземје и десет ката. Она што е интересно е дека намената на зградата што во иднина треба да се гради тука е Б-4, односно државна институција.

Напуштен објект покрај булеварот Гоце Делчев веднаш пред свртувањето на мостот „Беласица“, со години стои руиниран, полн со ѓубре и е прибежиште на бездомници и наркомани. Никој не знае зошто ниту се обновува ниту се урива, ни дали нешто од ова се планира да се случи наскоро, но секој што поминува тука го забележува грдиот објект.

Дури и постарите скопјани веќе заборавиле за што точно служел на времето овој објект, кој е празен веќе две децении, а последно во него биле сместени магацини на една компанија за производство на леб. Претходно, во периодот по земјотресот, според раскажувањата на оние што подолго паметат, во двокатната зграда се наоѓало трговско училиште, а во одреден период тука функционирал и интернат за ученици.

Напуштен објект кај мостот „Беласица“ во близина на Ист гејт мол - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Напуштен објект кај мостот „Беласица“ во близина на Ист гејт мол – Фото/ Слободен печат – Методи Здравев

Сега тој е со разурнат покрив, без врати и прозорци и во него единствено егзистираат глувци и некои очајни луѓе кои се засолнуваат во објектот каде што поради дотраеноста, остатоците од покривот можат да им се урнат врз глава.

Овој објект со децении е напуштен и притоа внатре е претворен во депонија, но исто така и во дворот од објектот кон кејот има депонии и разновидни отпадоци. Целата покривна конструкција е распадната и претставува опасност за минувачите на тротоарот бидејќи висат голем број парчиња, греди, табли од покривот. Пред неколку години го заградија со тараби, но сега повторно е мета на бездомници и од задната страна повторно се создава депонија каде што повремено има и спалување на отпад – вели граѓанин, кој додава дека при секој посилен ветар летаат парчиња од покривот, кој е азбестен, па со самото тоа уште понебезбеден.

Напуштениот објект кај мостот Беласица до трговскиот Истгеит - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Напуштен објект кај мостот „Беласица“ во близина на Ист гејт мол – Фото /Слободен печат – Методи Здравев

Минатата година Општина Центар ја расчисти дивата депонија околу руинираната зграда и го исчисти ѓубрето натрупано со години.

Иако не беше во наша надлежност, ние минатата недела започнавме со расчистување на дивата депонија. Депонијата од стари двоседи, троседи, фотелји, бела техника, облека и смет се расчистува од општинските служби. Оваа депонија е и под надлежност на Градот Скопје, а под Градот е и јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Но, непостапувањето на градот не нè спречи ние да не постапиме. Срамота е и недозволиво ова што се случува, во нашиот град доаѓаат туристи, а во близина има голем трговски центар. Депониите се потенцијален извор на инфекции – рече тогаш градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Напуштениот објект кај мостот Беласица до трговскиот Истгеит - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Напуштен објект кај мостот „Беласица“ во близина на Ист гејт мол – Фото/ Слободен печат – Методи Здравев

Според јавно достапните информации на Агенцијата за катастар на недвижности, објектот е сопственост на Друштвото за транспорт, градежништво и трговија „Вато“ ДОО од Студеничани, додека површината пред него е државно земјиште. При тогашната акција се исчисти само просторот околу, но не и внатрешноста на објектот, обврска што треба да ја преземе самиот сопственик.

Напуштениот објект кај мостот Беласица до трговскиот Истгеит - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Напуштен објект кај мостот “Беласица“ во близина на Ист гејт мол – Фото/ Слободен печат – Методи Здравев

Од Центар тврдат дека инспекторите веќе го задолжиле сопственикот да ја спроведе оваа активност.

Секторот за инспекциски работи го има задолжено сопственикот на објектот да го исчисти и да го обезбеди (загради) просторот. Просторот пред објектот, кој претставува јавна површина, неколкупати беше исчистен од службите на Општина Центар. Овластен инспектор за животна средина повторно ќе го задолжи сопственикот да го исчисти и просторот кој се наоѓа на приватната парцела – велат од Општината.

Напуштениот објект кај мостот Беласица до трговскиот Истгеит - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Напуштени објект кај мостот „Беласица“ во близина на Ист гејт мол – Фото/ Слободен печат – Методи Здравев

Непознато е до кога ќе стои вака руинираната зграда на локацијата во близина на „Ист гејт мол“ и кога ќе се урива, но според важечкиот Детален урбанистички план С 08 на Општина Центар, на оваа локација е зацртана маркичка за единаесеткатница, поточно за објект со приземје и десет ката. Она што е интересно е дека намената на зградата што во иднина треба да се гради тука е Б-4, односно државна институција.

Напуштениот објект кај мостот Беласица до трговскиот Истгеит - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Напуштент објект кај мостот „Беласица“ во близина на Ист гејт мол – Фото/ Слободен печат – Методи Здравев

Од Центар не одговорија што точно ќе се гради и зошто на приватно земјиште е вцртан државен објект, но сè уште не е побарана дозвола за градба.

Општина Центар за конкретната градежна парцела нема издадено одобрение за градење – велат оттаму.

Напуштениот објект кај мостот Беласица до трговскиот Истгеит - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Напуштен објект кај мостот „Беласица“ во близина на Ист гејт мол – Фото/ Слободен печат – Методи Здравев

Кога ќе дојде ред за градење, државата ќе мора убаво да ги исплати речиси 700-те квадратни метри што ги поседува сопственикот или да не гради. Во иднина пак, којзнае, можеби ќе се смени намената во новиот ГУП, а со тоа и во ДУП-от, па зградата од државна институција да стане станбена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот