ФОТО | Рекоа „да“ пред 32 години: Лепа Брена и Боба Живојиновиќ слават годишнина од брак

Фото: Инстаграм/Лепа Брена

Најголемата југословенска ѕвезда Лепа Брена (63) денеска ја слави 32. годишнина од денот кога стапи во брак со нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Слободан Живојиновиќ – Боба (60).

По тој повод, таа сподели две стари фотографии од нив двајца, а една од нив е од нивната свадбена прослава.

„Среќна годишнина, 7.12.1991“, напиша таа и додаде емотикони со ѕвезда, детелина и срце.

Фото: Инстаграм/Лепа Брена

Тие се запознале на врвот на својата кариера

Љубовната приказна на овој пар започнала во далечната 1986 година.

„Кога го запознав Боба, ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека, како и јас, нема многу време за губење, бидејќи тогаш нашите кариери беа во полн ек. Си реков – сега или никогаш! Се сеќавам, се запознавме по премиерата на првиот дел од филмот ‘Ајде да се сакаме’ во Домот на синдикатите. Нè претстави Рака Ѓокиќ, мојот менаџер“, раскажала Брена, а Боба се надоврзал.

Фото: Инстаграм/Лепа Брена

„Требаше да ја запознаам Брена многу порано, бидејќи сакавме да ја ангажираме да пее на тениски турнир. Но, Рака Ѓокиќ, нејзиниот менаџер, а подоцна и наш кум, ни се правдаше дека Брена има многу обврски. Но, тоа е вистина, таа постојано настапуваше. Кога конечно се запознавме, Брена ми пријде и ми рече: ‘Каде беше сите овие години?’ Тоа беше судбоносна средба, а првите неколку месеци беа многу тешки. Го користевме секој слободен момент да бидеме заедно. Доаѓав од Ибица за Цирих, само да ја видам“, изјави поранешниот тенисер.

Фото: Инстаграм/Лепа Брена

„Венчавка на векот“

Поради нивната венчавка, дури и информативната емисија Дневник била прекината за парот во живо да се вклучи во програмата. Нивниот посебен ден бил наречен „венчавка на векот“. Медиумите објавија дека за организирање на венчавката биле потрошени 50.000 германски марки. Гостите биле почестени со 650 различни видови храна. По венчавката објавија снимка на VHS лента, што во тоа време не било вообичаено.

Во една прилика, пејачката раскажа за тоа како поминале низ сѐ во бракот.

„Јас и Боба имавме среќа да растеме заедно низ бракот, да се смееме заедно, да плачеме, да поминеме низ сè заедно. Нас не нѐ споија само убавите работи, од кои секогаш имаше многу, туку и тешките ситуации кои ги преживеавме заедно – киднапирање на дете, колапс на државата, смрт на родител… Тогаш ќе видиш дали личноста до тебе е навистина твојот животен сопатник. Затоа што е лесно да се биде добар кога сѐ е добро“, изјави Брена.

Нивната среќа ја наруши киднапирањето на синот Стефан (31), кој беше киднапиран на 23 ноември 2000 година пред нивната куќа. Осумгодишното момче по пет дена беше вратено дома живо и здраво. Покрај Стефан, парот го има и 25-годишниот син Виктор.

Поранешниот тенисер има уште еден син од претходниот брак, Филип (38), кој пак е сопруг на познатата пејачка Александра Пријовиќ (28).

ФОТО | Ги покажа нозете долги 2 метра: Лепа Брена насмеана ужива во егзотичен коктел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот