ФОТО: Растурена свадба во Тетово и забава со жива музика во Јурумлери

Фото: Државен пазарен инспекторат

Вечерва во две одделни контроли на Државниот пазарен инспекторат, со асистенција на полицијата се затворени, два објекти поради нарушување на рестриктивните мерки и забраните за групирање.

-Во 19.30 часот вечерва инспекторите растурија свадбена веселба во ресторан во Тетово. Сопственикот е приведен, за „Слободен печат“ соопшти директорот на ДПИ Стојко Пауновски.

Фото: Државен пазарен инспекторат

Во исто време во гостилница во скопско Јурумлери затекнати се повеќе гости како уживаат со звуци на жива музика и објектот е затворен.

Фото: Државен пазарен инспекторат

И за двата субјекти и за одговорните во нив, следуваат соодветните законски мерки и платни налози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот