ФОТО | Познатиот новинар казнет и суспендиран поради она што ѝ го рекол на Адел

Британската пејачка Адел (33) по долга пауза неодамна објави нов албум, а по тој повод даде интервјуа за многу странски медиуми, меѓу кои беше и „Канал 7“ од Австралија. Меѓутоа, никој не очекуваше дека поради интервјуто со Адел водителот на оваа телевизија ќе биде суспендиран.

Мет Доран, водителот на споменатата телевизија, отпатувал во Лондон за да направи интервју со Адел, но приказната завршила неславно откако тој ѝ рекол дека слушнал само една песна од нејзиниот нов албум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Doran (@mattdoran22)

Интервјуто со Адел било голема работа за оваа телевизија, пред се, затоа што била единствениот австралиски медиум што ја добил таа можност. Наводно, интервјуто со Адел било платено еден милион долари.

Како што се наведува, по разговорот со неа, пејачката го прашала водителот што мисли за нејзиниот долгоочекуван четврти студиски албум, на што тој одговорил дека „не го ислушал до крај“, што ја налутило пејачката.

„Не бев целосно свесен за тоа дека на мејл добив преглед на нејзиниот албум, кој беше објавен неколку недели по моето патување во Лондон“, рекол водителот за странските медиуми и додал:

„Тоа беше превид кој не беше намерен. Ова е најважниот мејл што некогаш сум го пропуштил. Ќе се каам засекогаш.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Doran (@mattdoran22)

Медиумите објавиле и дека Адел го напуштила интервјуто со него, но Доран тврди дека тоа не е вистина.

„Таа не замина, всушност, се случи спротивното. Разговорот требаше да трае 20 минути, а траеше 29“, рекол тој.

Поради пропустот што се случил, водителот Доран добил суспензија од две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот