ФОТО: Познат распоредот за третиот круг во Првата македонска фудбалска лига

Фото: ФК Работнички

По завршувањето на 22 коло, денеска го дознавме и распоредот за третиот круг во Првата македонска фудбалска лига.

Возбудувањата ќе продолжат на 10 март со натпреварите од 23 коло кога актуелниот шампион Струга ТЛ ќе игра против АП Брера, потоа Шкупи за ривал го има Работнички, а Шкендија ќе се соочи со Воска Спорт.

Во останатите три дуели кои исто така ќе стартуваат од 14.00 часот Гостивар ќе игра против Вардар, Тиквеш ќе ја пречека Брегалница, додека Силекс е домаќин на Македонија ЃП.

Еве како моментно изгледа табелата во ПМФЛ: Струга ТЛ 45 бодови, Шкупи 44, Шкендија 43, Гостивар 30, Тиквеш 29, Силекс 29, Брера Струмица 27, Работнички 27, Воска Спорт 25, Вардар 24, Брегалница Штип 21, Македонија ЃП 18.

Во продолжение погледнете како изгледа целиот распоред за третиор круг ПМФЛ до крајот на сезоната.

фото: принтскрин/ффм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот