ФОТО | Поранешното момче на Ким Кардашијан доживеа сообраќајна несреќа

Фотографија: Принтскрин - Инстаграм

Популарниот американски комичар и поранешен партнер на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон доживеал сообраќајна несреќа. Комичарот излетал од патот поради брзо возење, пренесува TMZ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Наводно, Дејвидсон возел со несоодветна брзина низ населба во Беверли Хилс, а извори блиски до комичарот за странските медиуми изјавиле дека Пит од непознати причини изгубил контрола над возилото и преминал преку тротоарот.


Потоа удрил во противпожарен хидрант и удрил во куќа. Неговиот Мерцедес оставил траги на тревата пред куќата, а видливи се оштетувања на куќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Seventeen (@seventeen)


Со него во автомобилот била и девојката на Дејвидсон, Чејс Суи-Вондерс, а според извештаите нема повредени. Полицијата веднаш по инцидентот пристигнала на местото на несреќата. Според TMZ, комичарот во моментот на несреќата не бил под дејство на дрога или алкохол, а истрагата се уште е во тек.

Ким и Пит се разделија: На социјалните мрежи кружи теорија дека Крис Џенер „вмешала прсти“

ФОТОГАЛЕРИЈА | Кој е Пит Дејвидсон, новата „љубов“ на Ким Кардашијан: Заведе куп светски убавици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот