Македонските фудбалери ја слават победата над Италија / фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

ФОТО: Победата на Македонија е главна вест во светските медиуми

Историскиот триумф на Македонија над актуелниот европски шампион Италија во полуфиналето на бараж натпреварот за пласман на СП во Катар е главна вест во спортските медиуми низ целиот свет.
Александар Трајковски со голот во 92. минута ги шокира „аѕурите“ и ги остави второ Светско првенство да ги гледаат пред ТВ екраните, а Македонија на 29 март против Португалија ќе игра за пласман на Мундијалот во Катар.

Сите светски медиуми ја одбележаа големата победа на избраниците на селекторот Благоја Милевски.
Британскиот јавен сервис „Би-би-си“ пишува дека Македонија го шокира европскиот шампион и го остави без настап на СП.

Француски „Л’екип“ исто така пишува дека Македонија „ја расплака Италија“ која „нема да го види Катар“ во ноември и декември.

Германски „Билд“ пишува дека Италија се избламира, а истото го пишуваат и останатите европски и светски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот