ФОТО: Победата на Македонија е главна вест во светските медиуми
Зоран Спасоски
Пред
Македонските фудбалери ја слават победата над Италија / фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI
Историскиот триумф на Македонија над актуелниот европски шампион Италија во полуфиналето на бараж натпреварот за пласман на СП во Катар е главна вест во спортските медиуми низ целиот свет.
Александар Трајковски со голот во 92. минута ги шокира „аѕурите“ и ги остави второ Светско првенство да ги гледаат пред ТВ екраните, а Македонија на 29 март против Португалија ќе игра за пласман на Мундијалот во Катар.
Сите светски медиуми ја одбележаа големата победа на избраниците на селекторот Благоја Милевски.
Британскиот јавен сервис „Би-би-си“ пишува дека Македонија го шокира европскиот шампион и го остави без настап на СП.
Француски „Л’екип“ исто така пишува дека Македонија „ја расплака Италија“ која „нема да го види Катар“ во ноември и декември.
Германски „Билд“ пишува дека Италија се избламира, а истото го пишуваат и останатите европски и светски медиуми.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Мисловниот и творечкиот процес во создавањето на делото „Inter Spem et Metum“, кое е поставено во македонскиот павилјон на 60. Уметничко биенале во Венеција, го дознаваме од ликовната уметница Славица Јанешлиева. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Трансмедијалниот и транснаративен проект „Inter Spem et Metum“ на Славица Јанешлиева е национален претставник на 60. Уметничко …
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …