ФОТО: По две години Миа Калифа се разделува со нејзиниот сопруг Роберт Сандберг

миа калифа
ФОТО: Инстаграм

Миа Калифа се разделила со сопругот Роберт Сандберг со кој беа во брак две години.

Инфлуенсерката и поранешна порно актерка се свршила со шведскиот готвач во март 2019 година, пред тие законски да стапат во брак во кујната на нивниот прв дом на 10 јуни 2019 година. Тие требало да ја одржат својата свадбена церемонија на 10 јуни минатата година, но била откажана поради ковид-19.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HitsBanget (@hitsbangetdotcom)

Миа ја објави веста на својот инстаграм профил придружена со црно-бела фотографија од сенките на парот.

„Можеме самоуверено да кажеме дека дадовме сè што можевме за да успееме во нашиот брак, но по скоро една година терапија и напори се разделуваме знаејќи дека имаме пријател еден во друг и дека навистина се обидовме“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia K. (@miakhalifa)

„Ние секогаш ќе се сакаме и почитуваме едни со друг, бидејќи знаеме дека ниту еден изолиран инцидент не го предизвика нашето разделување, туку кулминација на нерешливи, фундаментални разлики за кои никој не може да го обвини другиот“.

Таа продолжи да пишува дека парот „не зажалил“ и дека ќе остане поврзан преку нивното „семејство, пријатели и љубовта кон нашите кучиња“. Калифа ја претстави разделбата како нешто што долго се планирало, но повтори дека парот „се потрудил максимално“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia K. (@miakhalifa)

Калифа стана сензација преку ноќ за снимање на порно видео во кое носи хиџаб, поради кое била критикувана па дури и добила закани со смрт од Блискиот Исток, вклучително и од Исламската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот