ФОТО | „Пелистерци“ како Јапонци: Победија во Германија и ја „светнаа“ соблекувалната

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер вчера во четвртото коло од Европската лига го соволада Мотор Запорожје со 30:33. Поради руската агресија во Украина натпреварот се одигра во германски Диселдорф.

Освен со победата „пелистерци“ се покажаа и како одлични гости затоа што ја „светнаа“ соблекувалната по завршувањето на натпреварот. Слично како што навикнавме да гледаме од Јапонците кога нивната репрезентација игра на големите натпреварувања.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

На натпреварот против Мотор блескаше Данецот Себастијан Хененберг кој постигна 14 гола.

На табелата води Скандерборг Архус со осум бодови, пред Фуксе Берлин кој има шест, по четири Бидасоа Ирун и Еурофарм Пелистер, а ниту еден Агуас Санташ и Мотор Запорожје. Во следното коло Еурофарм Пелистер на 6 декември ќе гостува во Шпанија кај Бидасоа Ирун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот