ВИДЕО: Иако нивниот тим не играше, Јапонците го чистеа стадионот по мечот Катар-Еквадор

Јапонците уште еднаш покажаа дека се пример за култура/фото: instagram.com/omr94/thepeninsulaqatar.com

Веројатно ваквите моменти не треба да бидат вести, но живееме во друг свет и информацијата дека некој си исчистил по себе без да мора, ја обиколи планетата.

Така беше со Јапонците пред четири години, се сеќавате кога фудбалерите на тој тим секој пат по завршувањето на активностите во таа просторија ја чистеа соблекувалната, а слична приказна беше и со навивачите кои го чистеа ѓубрето зад себе во трибините.

Домаќините сега се воодушевени од јапонските навивачи кои пристигнаа во Катар и ги следеа натпреварите на овој Мундијал.

Иако не беше натпревар на нивната репрезентација, Јапонците решија да го исчистат целиот стадион по натпреварот меѓу Еквадор и Катар.

Добро слушнавте, неколку десетици фанови тргнаа во акција бидејќи „Јапонците никогаш ништо не оставаат зад себе“.

Јапонците инаку се во групата „Е“ заедно со селекциите на Шпанија, Костарика и Германија. Првиот меч ќе го имаат на в среда (23 ноември) против Германците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот