ФОТО | Не ги тргаат рацете еден од друг: Џенифер Лопез и Бен Афлек „уловени“ како страсно се бакнуваат среде улиците на Лос Анџелес

Фото: ЕПА / Принтскрин / Инстаграм

Се чини дека љубовта на Џенифер Лопез и Бен Афлек цвета. Познатата двојка беа забележани како уживаат во убавото време во Лос Анџелес. Двајцата не ги тргаа рацете еден  од друг и разменуваа страсни бакнежи.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Фотографите ја „уловија“ двојката додека уживаше во неделниот ручек, облечени во лежерни комбинации. Пејачката носеше беж маица, фармерки и елек без ракави, а целиот аутфит го комплетираше со кафеави чизми, сребрени обетки и темно кафеава чанта. Косата ја држеше врзана во опавче. Нејзиниот партнер исто така носеше фармерки и темно палто, криејќи го својот љубовен поглед зад очилата за сонце. Додека чекаше да пристигне нивниот автомобил, Џенифер се потпре на ѕидот и го гушна Бен, а тој се наведна и страсно ја бакна.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, Џенифер го објави својот деветти студиски албум „This is Me… Now“ на почетокот на овој месец, а една од песните ја опишува нејзината децениска романса со Афлек, „Најголемата љубовна приказна никогаш не кажана“.

Фото:Принтскрин / Инстаграм

Двојката се запозна во 2001 година на снимањето на филмот „Џигли“, а тој ја запроси една година подоцна со розов дијамантски прстен од 6,1 карати. Сепак, венчавката не се одржа, а парот се раздели во 2004 година. Две децении подоцна, тие се обединија и се венчаа во 2022 година.

Џенифер Лопез искрено: Никогаш не планирав повторно да бидам со Бен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот