Џенифер Лопез искрено: Никогаш не планирав повторно да бидам со Бен

Фото: Profimedia

Џенифер Лопез вели дека никогаш не планирала да ја обнови врската со Бен Афлек по нивната неуспешна свршувачка во 2004 година.

За време на гостувањето во австралиското „Кајл енд Џеки О радио шоу“, 54-годишната пејачка рече дека мора да се „спознае себеси“ откако славната двојка се раздели на почетокот на 2000-тите.

„Во љубовта на мојот живот се заљубив порано во животот, но без оглед на причините, почувствувавме потреба да растеме и да правиме други работи“, објасни таа.

„Раскинавме, имавме деца со други луѓе и бевме во други врски. Не планирав да се вратам кај него“, раскажала Џеј Ло.

Фото: C3396 Hubert Boesl / DPA / Profimedia

Како потсетување, Џенифер Лопез и Бен Афлек се запознаа на снимањето на филмот „Џили“ („Gigli“) на крајот од 2001 година. Тие ја започнаа својата љубовна врска некаде кон средината на 2002 година и како пар добија голем публицитет. Бидејќи беа омилен пар на јавноста, тие беа именувани како „Бенифер“ во медиумските написи.

Лопез ја објави првата свршувачка со актерот во ноември 2002 година, кога Афлек ѝ даде шест-каратен розов дијамантски прстен во вредност од 1.200.000 долари. За жал, тие ја откажаа венчавката која беше планирана за 14 септември 2003, а на почетокот од 2004 година го објавија и крајот на нивната свршувачка.

Фото: RICHARD YOUNG / Shutterstock Editorial / Profimedia

По речиси две децении, Лопез и Афлек повторно влегоа во врска во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

„Мислев дека сум добро и дека го сакам својот живот, но мислам дека тогаш универзумот навистина ми се отвори и потврди дека сум подготвена за она што навистина го сакам“, објасни таа.

„Не можев да верувам, а мислам дека не веруваше ни тој“, рече Лопез и додаде дека „тоа не било нешто што го планирале“.

„Навистина продолживме со нашите животи, но кога повторно се поврзавме, знаевме дека тоа е тоа“, објасни латино ѕвездата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот