ФОТО | Навивачите на МЗТ Скопје со навредлив транспарент за Перо Антиќ

Фото: Фемили Аеродром/ФБ

Кошарката во Македонија има голем број недостатоци, првенството од година во година е се послабо, а тоа се покажуваа и со резултатите на нашите екипи против ривалите од странство.

Ваквата ситуација е причина за незадоволтво кон раководството на федерацијата, сега тоа незадоволство кон првиот човек Перо Антиќ го истакнаа фановите на МЗТ Скопје, „Фемили Аеродром“.

Навивачите на „штрковите“ истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Гробарот на македонската кошарка и докажан циган, кариерата ја продолжува како турбофолк хулиган“.

„Последниве неколку години кошарката во Македонија оди во надолна линија. Но во овој момент дното е пробиено и кошарката никогаш не била послаба! Лигата е неатрактивна, салите се празни и забраните за гостински навивачи од секакви клубови се стандардна приказна. Квалитетот на домашните и странските играчи е на незавидно ниво, а, со исклучок на пар играчи, немаме ни интернационалци кои играат надвор од нашите граници. Младинските категодии се неперспективни, додека сениорската репрезентација е можеби на најниско ниво од осамостојување.

Спонзори во клубовите скоро и да нема, па затоа сите живеат на грбот на општините/градовите и од државните ваучери. Немаме ниту клубови кои играат во добри интернационални натпреварувања, а тие што се обидуваат да излезат од границите, доживуваат дебакл од екипи кои доаѓаат од држави каде до пред некоја година не ни имаше кошарка. Оваа парола, иако е вперена директно, сепак не е ништо лично. Таа е само отсликување на реалност, каде изминативе години наместо да се засукаат ракавите, да се направи детална анализа, и да почне да се работи за подоброто за кошарката, а и општо спортот во Македонија, со конкретни проекти, некој од удобната фотеља има попаметна работа и се објаснува по социјални медиуми за трач муабети“, гласи дополнителната порака која ја испратија преку социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот