ФОТО | На избор за Мис без грам шминка: Ел Селин преферира природна убавина

Фото: Принтскрин / Instagram

Натпреварувачка на овогодинешниот избор за Мис Велика Британија има намера да се појави пред жирито целосно без шминка со цел да ги поттикне младите жени чија самодоверба е разнишана во ерата на филтри, а идеалите за убавина граничат со недостижното.

Финалистката на натпреварот за најубава Британка, 31-годишната Ел Селин, доживеа непријатни искуства во текот на детството поради кадравата коса и влакнетост, пишува Independent .


Таа порасна на грчкиот остров Скијатос пред да се пресели во Вилтшир за да го посетува училиштето Ворминстер.

Таа сега живее во Сари, а во изјава за Би -Би -Си  Селин истакнала дека ја исмејувале и за обликот на телото, и дека нејзините врсници ја задевале дека има вошки и ја нарекувале горила затоа што има малку повеќе коса на лицето и рацете од другите.

Почнала да се шминка на 13 -годишна возраст, а истовремено и да ја исправа природно витканата коса.

Покрај тоа што работи во здравството, Ел се занимава со пеење и пишување стихови. Таа забележала дека од година во година, филтрите на популарните апликации како Инстаграм и ТикТок го прават истото што беше принудена да го прави на училиште.


Ел претходно во 2020 година Сари аплицирала за Мис на Велика Британија во категоријата од 27 до 38 години, но таа вели дека чувствува дека им дала на судиите она што мислеела дека сакаат да го видат.

Меѓутоа, за време на карантинот поради коронавирусот, притисокот да се шминка секојдневно се намалил и Ел научи да се прифати себе си таква каква што е.


Уште во јуни, таа рече дека ја донела одлуката да стане првата финалистка на изборот за Мис на Велика Британија, која се натпреварува без трошка шминка за поддршка и промовирање на реални стандарди за убавина и позитивен поглед на сите облици на телото.

Иако одлуката ја направи многу нервозна за тоа како луѓето ќе ја прифатат, таа одлучи тогаш да ја објави за да има храброст да истрае во својата намера.


Денешните натпревари за убавина помалку се занимаваат со изгледот, а повеќе со „кој си и што изнесуваш на маса“, објаснува Ел и додава дека ќе се чувствува навистина добро, без оглед на пласманот во натпреварот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот