ФОТО | Миовски повторно во тимот на колото во шкотската Премиер лига

Фото: Aberdeen Football Club

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски продолжува да игра одлично на терените во Шкотска, а за викендот постигна прекрасен гол во ремито на Абердин против Селтик (1:1).

Искусниот Џо Харт на голот на Селтик беше немоќен по ударот на Миовски кој погоди по одличната соло-акција. По уште еден добар настап јасно е дека и цената на Миовски на пазарот продолжува да расте, додека интересот се зголемува, па така се очекува на лето да направи трансфер во клуб со посериозни амбиции од Абердин.

Со настапот против Селтик сосема заслужено повторно се најде во тимот на колото во шкотската Премиер лига во изборот на „Би-Би-Си Спорт“.

Фото: Screenshot/BBC

 

Абердин го отпушти Бери Робсон, Миовски добива нов тренер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот