ФОТО | Македонската претставничка на Евровизија го прослави 22-иот роденден: Тортата кажува сѐ

Фото: Инстаграм

Андреа Коевска, нашата претставничка на Евровизија 2022 во Торино, Италија, вчера имаше уште една голема причина за славење.

Талентираната Андреа го прослави 22-иот роденден, а роденденските свеќички ги дувна на мошне симболично направената торта – со микрофон на кој пишува Евросонг 2022.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Андреа, притоа, во описот на роденденската фотографија, откри која ѝ е најголемата желба годинава.

„Годинава веќе ми подари преубави нешта и се надевам дека така ќе продолжи, како за мене така и за сите. Знаете којa ми е роденденската желба затоа што е и заедничка. Фала ви однапред за убавите честитки!“, напиша Андреа.

Фото: Инстаграм

Во краткото стори на Инстаграм што го објави Андреа, славеничката гризнува парче од тортата и вели: „Вкусна победа“.

Инаку, Андреа беше во трката заедно со уште пет кандидати, меѓу кои Виктор Апостоловски, Калина Велковска, Лара Иванова, Јон Ајди и Ris Flower, за избор на песна која ќе претставува нашата земја на овогодинешниот Евросонг.

Андреа со песната „Circles“ е избрана за наша претставничка на престижниот музички фестивал.

Разговор со Андреа во пресрет на Евровизија: Кога веруваш во себе и својата песна, тоа е доволно!

Разговор со Андреа во пресрет на Евровизија: Кога веруваш во себе и својата песна, тоа е доволно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот