ФОТО | Мајка ги киднапирала сопствените ќерки: По 30 години приказната добила шокантен пресврт!

Фото: Printscreen/YouTube/Inside

Мајка пред повеќе од 30 години ги киднапирала своите две ќерки и ги однела во непознато, што е можно подалеку од сопругот кој ја злоставувал. Три децении подоцна, оваа приказна го доби својот епилог.

Имено, на 26 август 1985 година, тогаш 37-годишната Илејн Јејтс, со своите две ќерки, четиригодишната Кимберли и 10-месечната Кели, исчезнала во текот на борбата за старателство со поранешниот сопруг.

Илејн го затекнала својот сопруг, Расел Јејтс, во проневера, кога настанала расправија во која тој ја претепал. Жената потоа исчезнала со ќерките од нивниот дом на Род Ајленд во САД. Во следните 30 години, Расел безуспешно се обидувал да открие каде се неговите ќерки. Сѐ до 2017 година.

Имено, полицијата по тридецениска истрага, открила дека Илејн Јејтс сега живее под нов идентитет како Лијана Волдберг со своите ќерки во Тексас. Компјутерски изработиле фотографии на децата, односно како би изгледале девојчињата денес и врз основа на тие генерички фотографии, објавени на социјалните мрежи, им влегле во трага преку анонимна дојава.

Ги пронашле во нивниот нов дом во Хјустон, 3.000 километри подалеку. Ќерките, во моментот на пронаоѓањето имале 35 и 32 години, тие се во брак и живеат со своите нови семејства. Нивните нови идентитети не се објавени. Мајката се соочувала со обвинение за киднапирање и затворска казна од 20 години. Полицајците рекле дека Илејн не се спротивставила на апсењето и дека признала сè.

Сепак, државата Роуд Ајленд ги отфрлила сите обвиненија против неа. Адвокатите тоа го виделе како задоцнета победа и рекле дека Илејн побегнала во времето кога имала мошне малку правни можности за себе и за своите деца.

Ќерките, без оглед на нивната мајка, биле испрашувани во полиција и го добиле телефонскиот број на нивниот татко. Засега не е познато дали знаеле за нивниот претходен идентитет. Расел Јејтс исто така бил информиран за сè. Тој признал дека во тоа време ја претепал својата сопруга, а не негира ниту дека бил фатен во измама.

„Постојано се обидував да ги најдам моите деца и конечно можам да ги контактирам“, рекол Расел. Тој додал дека сака да ја знае целата вистина и повторно да контактира со своите ќерки, но дека не му е грижа дали неговата сопруга кривично ќе одговара. „Нема да ми ја олесни ситуацијата ниту мене, ниту на никого“, рекол тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот