ФОТО | Мајка ѝ на 10 години ја натера да се слика за „Плејбој“, а сега самата се соблече топлес на 56 години

Фото: Инстаграм

И ден-денес се сеќаваме на легендарната реклама за фармерки на модниот дизајнер Келвин Клајн, која, пред повеќе од 40 години, ја сними тогаш врвната манекенка и актерска ѕвезда Брук Шилдс.

Со своите нереално сини очи, маркатни веѓи, раскошна коса и згодно тело Брук го освои светот. Незаборвна е нејзината улога во хит филмот „Сината лагуна“.

Брук Шилдс денес има 56 години, а гордо истакнува дека нејзиниот изглед е природен, без естетски интервенции. Таа внимава на исхраната и е голем љубител на вежбањето.

Кога Брук ја сними легендарна реклама за фармерки Келвин Клајн, имаше само 15 години. Сега, на 56 години, сѐ уште е во топ форма, а тоа го покажа во кампањата за пролетта 2022 година за брендот фармерки „Jordache“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

– Денес многу повеќе ценам сѐ. Голема чест е на мои години да претставувам вакво нешто. Со годините доаѓа и мудроста, па затоа и ова за мене е помалку работа, а повеќе привилегија – признала Брук во интервјуто за магазинот „Пипл“, додавајќи дека уште од почетокот била јасна во своите желби дека фотографиите да не бидат ретуширани, туку поавтентични.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

– Ми беше важно сите да видат дека тоа е тело на 56-годишна жена и без никакво ретуширање – рекла актерката.

А, бидејќи му верувала на целиот тим, а особено на фотографот, немала проблем да ја соблече маицата на снимањето на рекламата. Таа признава дека се чувствувала навистина удобно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

Брук Шилдс неодамна зборуваше за дискутабилните, речиси скандалозни сцени од нејзиниот прв, контроверзен филм „Pretty Baby“ од 1978 година, кој денес лесно може да се окарактеризира како детска пронографија. Брук во овој филм ја толкуваше улогата на дете проститутка, а во некои кадри се појави целосно гола, иако не ѝ се гледаше најинтимниот дел од телото.

„Тоа не може да те повреди кога ќе растеш во Њујорк. Мислам, потребни се само пет минути одење за да се види – во старата 42. улица – што е проституција. И, исто така, бев многу одвоена од сето тоа во реалниот живот. Бев невина до 22-рата години, така што сето тоа беше само преправање во мојот ум. Не страдав приватно поради тоа“, изјавила актерката.

Брук во светот на шоубизнисот ја внела нејзината мајка Тери благодарение на која на само 11 месеци ја снимила рекламата за детски сапун, а на крај таа ја натерала да позира и за „Плејбој“ на само 10 години.

На спорната фотографија била сместена во када, нашминкана и покриена со масло, а ја фотографирал Гери Грос кој инаку работеше на проектот наречен „Жената во детето“, со цел да ја прикаже женственоста на предпубертетските девојки споредена со возрасните жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот