ФОТО | Какви мускули! Интернет „гори“ поради новите фотографии на Никол Кидман

Фото: Инстаграм

Актерката Никол Кидман (55) се појави на насловната страница на „Perfect magazine“ и со тоа начин ја покажа, како што многумина би рекле, извајана фигура. Секој мускул на нејзиното тело е видлив, а крајната цел на фотографијата е да прикаже силна и стабилна жена во денешната популарна култура – од модниот свет до телевизија, музика… Според тоа, актерката ја доби и наградата „Совршена икона“ од ова списание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PERFECT (@theperfectmagazine)


По тој повод, со официјално соопштение се огласи и редакцијата на магазинот „Perfect“ во кое се вели дека Никол ја заслужила оваа награда.

„Во време кога валидноста на церемонијата на доделување на наградите е доведена во прашање и во спектаклот на црвениот тепих доминираат водители и презентери на шоуто, сакавме да го вратиме фокусот на јавноста кон оние што ја добиваат наградата“, велат тие.

Никол за таа пригода носи неколку различни комбинации, од кои секоја на свој начин ја истакна фигурата на актерката. Што се однесува до нејзината фризура, огнената црвена перика во комбинација со различни парчиња облека, кои можете да ги погледнете во прилог, го даде финалниот печат на целиот моден едиторијал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


Ниту твитерџиите не останаа рамнодушни на овие фотографии, кои побрзаа да ја дадат својата пресуда.

„Апсолутно прекрасна“, „божица“, „какви мускули“, се само дел од коментарите.

Никол Кидман и Кит Урбан ја прославија 16-годишнината од бракот со стари фотографии

ФОТО | Црно, па (не) се гледа: Забавата на „Баленсијага“ ги собра сите ѕвезди на едно место

ФОТО | На која најдобро ѝ стои? Никол Кидман, Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша го носат модниот хит на сезоната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот