ФОТО | На која најдобро ѝ стои? Никол Кидман, Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша го носат модниот хит на сезоната

Фото: Инстраграм/Профимедиа

Актерката Никол Кидман (55) изненадила со несвојствениот стајлинг додека заминувала од модната куќа „Баленсијага“, носејќи бизарна црна маска за очи во текот на Модната недела во Париз во вторникот.

Актерката изгледала „вонземјански“ додека ја носела црната маска за очи во форма на машна, облечена во црно боди и лежерни фармерки со висока половина.

Никол со овој стил ги изненадила сите, имајќи предвид дека луѓето се навикнати да ја гледаат во елегантни и софистицирани изданија.

Фото: Профимедиа

Истите овие необични очила ги прошета старлетата Ким Кардашијан една година претходно, а притоа беше облечена во црна комбинација од глава до пети.

Откако беа објавени овие фотографии, интернет „гори“  околу тоа на која подобро ѝ стојат овие очила и која од овие две ѕвезди ги носела подобро.

Фото: Профимедиа

„Ова е тотално Ким Кардашијан стил“, „Хм, не знам, на крајот на краиштата Ким прва ги носеше…“, „Зошто некој би сакал да копира старлета?“, се само некои од коментарите.

Очигледное  дека овие необични очила се хит меѓу познатите личности. Не им одолеала ниту српската пејачка Јелена Карлеуша, која деновиве објавува фотографии на својот инстаграм-профил на кои на себе има минијатурно сребрено бикини и слични очила, односно во прашање е сребрен огледало штитник со потпис на Александар Мекквин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот