ФОТО | Ивана Кнез со моќна објава за 8 Март: „Мамо, не успеав – имам кариера, но немам семејство“

Фото: Инстаграм/Ивана Кнез

Македонската дизјанерка Ивана Кнез сподели моќна објава по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март и им го честита празникот на сите жени.

Во својот текст, таа вели дека е богата, а сепак не успеала во животот, бидејќи се фокусирала на кариерата и нема семејство

„Мамо, јас сум богат човек.

Не успеав. Имам кариера, имам сè што ми треба, по толку големи борби имам и здравје, се имам сама себе, но немам партнер и немам деца.

Не успеав. Не успеавте ни вие што се омаживте за да исполните општествена квота или да задоволите туѓи стандарди за среќа, не успеавте ни вие што родивте деца за да задржите маж, ниту вие што останувате во брак за да не сте сами.

Фото: Инстаграм/Ивана Кнез

Успеа жената која најде баланс, која знае што ја прави среќна, која се радува на малите работи во животот, која секој ден е благодарна што се буди покрај познато лице, која едвај чека да помине време со детулето откако ќе се врати исцрпена од работа.

Успеа жената која не се расправа со суета и его, која живее за миговите поминати со пријателите.

Успеа жената која се бори за својот партнер исто како што се бори сама за себе, која не се срами и која не се плаши да побара сè што овој живот има простор да ѝ даде.

Фото: Инстаграм/Ивана Кнез

Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и да си врзам два шамара за да се освестам и да си признаам дека е магија да си жена на која ѝ е потребно сè.

Кревка и кршлива, ама кога ќе ја избрусиш, животов ќе го претвори во блескав дијамант.

Среќен интернационален ден на жените, секој ден е, сè додека успеваме да ги живееме нашите соништа без страв од кршење“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

ВИДЕО | Ивана Кнез, модна дизајнерка: Секоја жена има право да се дотера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот