ФОТО | И во времето на Тито имало антиваксери, а еве каква казна следувала за нив

Јосип Броз Тито
Јосип Броз Тито / Фото: Profimedia

Демократијата е деликатен дел од едно општество. Истата, треба постојано да се негува и правилно да се одржува. Највоочлив доказ за тоа се изминатите две години откако светот се соочи со пандемијата на коронавирусот, особено во средините каде што имаше и има силна пропагадна против вакцините, пишува „Слободна Далмација“.

И во времето на Тито имало антиваксери, еве како ги казнувал Маршалот: ако некој не сакал да се вакцинира, другите војници го малтретирале.

Во демократските земји, се разбира, и антиваксерите имаат право да ги кажат своите ставови, но притоа строго внимаваат да не извлекуваат аргументи со гатање со кафе, фрлање гравче или гледање на дланка. Добро знаат дека таквите аргументи би ги однеле во установи за лекување.

Имено, на социјалните мрежи се појави документ во кој јасно се гледа како биле третирале луѓето кои пропагирале против вакцините во времето на Тито, непосредно по Втората светска војна.

 

Главниот штаб на младинските бригади за изградба на пругата Шамац – Сараево откако одбиле да примат вакцини, од нивното име веднаш бил отстранет зборот ударна што во тоа време се сметало за огормен срам.

За таквата, во тоа време, драконска казна, Главниот штаб го произнел за таквата драконска казна во тоа време:

„Името на ударната бригада се одзема затоа што 90 млади не сакале да се вакцинираат со што се создала можност за ширење на заразни болести и здравјето на младите е ставено во опасност.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот