ФОТО: Германија против Македонија со Нојер, Хаверц, Милер, Вернер…!

Германскиот селектор Ханси Флик со 23 репрезентативци против Романија и Македонија во мундијалските квалификации/Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

За точно 10 дена, поточно на 11 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје со почеток од 20.45 часот најдобрата македонска репрезентација ќе игра против фаворитот во квалификациската група „Ј“ за пласман на СП 2022 против Германија.

Селекторот на нашата А селекција, Благоја Милевски веќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелите со Лихтенштајн и Германија.

Денеска тоа го направи и германскиот селектор Ханси Флик кој ќе има на располагање 23 репрезентативци.

Уште од вчера тоа се најавуваше, тоа денеска доби потврда, искусниот дефанзивец Матс Хумелс нема да настапи за германската репрезентација овој месец.

Во продолжение составот на Германија за дуелите со Романија и Македонија во октомври –

Натпреварот помеѓу Македонија и Германија во Скопје ќе се игра на 11 октомври/Фото: dfb.de

Голмани: Бернд Лено, Мануел Нојер, Марк-Андре тер Штеген.

Одбрана: Матијас Гинтер, Тило Керер, Лукас Клостерман, Давид Раум, Антонио Ридигер, Нико Шлотербек, Никлас Зуле.

Среден ред/напад: Карим Адејеми, Серж Гнабри, Леон Горецка, Каи Хаверц, Јонас Хофман, Џошуа Кимих, Томас Милер, Џамал Мусиала, Флорија Нојхаус, Марко Ројс, Лерој Сане, Тимо Вернер, Флоријан Вирц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот