ФОТО ГАЛЕРИЈА | Започна третата „Парада на Гордоста“ вечерва во Скопје

Фото: Марина Дамческа, Валентина.

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, организаторите националната мрежа против хомофобија и трансфобија пред малку го започна овогодинешното издание на „Скопје прајд“. Илјадници се собраа на почетната точка во паркот „Жена-борец“ во центарот Скопје околу 17 часот, за почетокот на третата по ред скопска Парада на гордоста.

Протестниот марш по скопските улици ќе започне во 19 часот, веднаш по кратките поздравни говори. Парадата ќе продолжи со културно уметничка програма на Стадионот на АРМ, која ќе биде отворена со настап на овогодишната македонска претставничка на Евровизија, Андреа Коевска.

Фото: Слободен печат – Марина Дамческа / Скопје, Парада на гордоста, 25 јуни 2022

Според најавите на стадионот на АРМ ќе настапи и оперската пејачка Наде Талевска, како и дрег кралици од земјава и од регионот. Свои диџеј сетови ќе имаат Андреј Мицајков, Јана Тодоровска, Мартина Пенева и Џинџер.

„Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост“, порачаа пред собирот организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

Фото: Слободен печат – В.Т. / Скопје, Парада на Гордоста, 25 јуни 2022

На градските улици покрај организаторите и учесниците на маршот на „Скопје прајд“ забележливо е и големо присуство на полициски сили кои го обезбедуваат овогодинешниот собир. Засега според информациите од терен, собирот се одвива мирно и достоинствено.

Фото: Слободен печат – Марина Дамческа / Скопје, Парада на гордоста, 25 јуни 2022

Репортерската екипа на „Слободен печат“ која е на терен успеа да ги забележи меѓу присутните и невладиниот сектор, вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерката за труд Јована Тренчевска, но и други јавни личности.

Фото: Слободен печат – В.Т. / Скопје, Парада на Гордоста, 25 јуни 2022
Фото: Слободен печат – В.Т. / Скопје, Парада на Гордоста, 25 јуни 2022
Фото: Слободен печат – В.Т. / Скопје, Парада на Гордоста, 25 јуни 2022
Фото: Слободен печат – В.Т. / Скопје, Парада на Гордоста, 25 јуни 2022
Фото: Слободен печат – В.Т. / Скопје, Парада на Гордоста, 25 јуни 2022
Фото: Слободен печат – В.Т. / Скопје, Парада на Гордоста, 25 јуни 2022
Фото: Слободен печат – В.Т. / Скопје, Парада на Гордоста, 25 јуни 2022

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот