ФОТО | Филмско бегство на Хрват од стан во Солун: Уапсени двајца Албанци и Хрват, запленет кокаин вреден 100 милиони евра

Фото: илустрација

Грчката полиција заплени повеќе од 300 килограми чист кокаин и уапси три лица, објави грчката агенција Ефсин. Потрагата по хрватски државјанин кој скокна од 15 метри височина им побегнал. Вредноста на дрогата е околу 100 милиони евра.

Двајцата Албанци и Хрват се уапсени по акцијата на полицијата која добила информација дека во солунското пристаниште пристигнал контејнер во која се наоѓало големо количество чист кокаин.

Грчката полиција тврди дека дрогата ја набавиле двајца Албанци кои изнајмиле стан во Солун каде се состанале со соработници од Хрватска.

Запленет кокаин Фото: Facebook/Ελληνική Αστυνομία

Полицијата подолго време ја следела оваа група, а акцијата на апсење почнала кога сите четворица се наоѓале во станот.

Тројца припадници на оваа група се уапсени, додека четвртиот, хрватски државјанин, успеал да побегне откако скокнал од височина од петнаесетина метри, соопшти грчката полиција.

Се претпоставува дека бегалецот е повреден.

Во станот во кој упадна полицијата пронајдени се околу 5.000 евра, нешто динари, пет мобилни телефони и лап топ.

Извор: Ефсин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот