ФОТО | Емотивни глетки од Грција: Момче со голи раце спасува животни од страшните пожари

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Пожарите што веќе неколку дена беснеат во Грција уништија големи површини шуми, личен имот, но за жал, однесоа и 18 животи.

Емотивни фотографии од Грција го обиколуваат светот. Во страшните пожари што ја зафатија земјата, човечката добрина се покажа во најчистата форма.

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Едно момче е снимено како спасува животни од пожар додека околу него беснее огнената стихија.

Како што пренесуваат грчките медиуми, фотографиите од спасувањето се направени во подножјето на планината Парнита, во покраината Атика. Непознато момче спасило куче, коњ и магаре.

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Неговите фотографии станаа симбол на љубовта кон животните на социјалните мрежи, но и на одлучноста на луѓето да ја зауздаат ​​огнената стихија.

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Младиот човек доби многу пофалби на социјалните мрежи, а имаше и такви кои коментираа дека тој е новиот Ное.

пожари грција-животни
Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Да потсетиме, во пожарот во шумата Дадија во областа Еврос во Грција, кој гори од вчера, според информациите, пронајдени се најмалку 18 јагленисани тела.

ВИДЕО | Ужасни пожари во Грција: Осумнаесет јагленосани тела откриени во регионот на Еврос

Големиот пожар во близина на грчкиот град Александруполи е сѐ уште активен

ВИДЕО| Шумски пожари и евакуации во близина на Атина и во турската покраина Чанаккале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот