ФОТО | Експлозија во близина на железничка станица во Минхен, четири лица се повредени

Експлозија во Минхен/ Фото: Твитер

Експлозија се случи во близина на фреквентна железничка станица во германскиот град Минхен за време на градежни работи во близина на станицата Донерсбергербрике.

Се уште нема информации за евентуални жртви, соопшти полицијата во Минхен. Службите за итна помош се на местото на каде се случи инцидентот.Во прекин е железничкиот сообраќај. Германските медиуми јавуваат дека едно лице е потешко повредено, додека останатите тројца се со полесни повреди.

Засега нема опасност надвор од непосредната околина, соопшти полицијата.

Секоја година во Германија се откриваат повеќе од 2.000 тони активни бомби и муниција, а од крајот на Втората светска војна поминаа повеќе од 70 години.

Британски и американски воени авиони ја изрешетаа земјата со 1,5 милиони тони бомби во кои загинаа 600.000 луѓе. Официјални лица проценуваат дека 15 отсто од бомбите не експлодирале, а некои останале закопани на длабочина од шест метри.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот