ФОТО | Егзотична убавица: Северина позира топлес додека ужива на Малдивите

Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Откако ја прими вакцина против коронавирусот, Северина замина на Малдивите, од каде редовно објавува фотографии како ужива во бикини. Покрај тоа пејачката реши да ги „почести“ своите фанови и со топлес фотографија.

Северина своето пристигнување на рајските острови, го стартуваше со фотографија на која позира на велосипед на прекрасна песочна плажа, додека на неа носи интересен црвен костим за капење во ретро стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Сепак, вниманието на нејзините бројни фанови го привлече со последната фотографија која ја објави на својот инстаграм – профил на која позира топлес.

Топлес фотографијата на Северина е трета по ред на самата објава, а истата за само неколку часа собра нешто помалку од 30 000 „лајкови“.

„Каков поглед“, напиша кратко Северина, осврнувајќи се на природните убавини на островска земја која се состои од 26 атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700 км западно од Шри Ланка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Пејачката објави и портрет на кој позира во голема шапка за сонце, шарена шамија и портокалова маица со тенки прерамки.

„Уо уо уо, летото се врати“, напиша таа, осврнувајќи се на песната „Комарци (Летото се врати)“ на бендот „Аниматори“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


„Убава и секогаш во тренд“, „Најубава“, „Каде е велосипедот“, „Мелем за очи“, „Прекрасна“, се само некои од многуте коментари од бројните фанови на пејачката.

Северина го прославата нејзиниот 49-ти роденден на прекрасната островска земја.

ФОТО | Северина со велосипед на песочните плажи во Малдиви: Во црвен костим за капење пејачката ужива во авантурата кон тиркизната лагуна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот