ФОТО | Ѕирнете во домот на Северина: Пејачката ја прослави Ноќта на вештерките

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Хрватската пејачка Северина ретко објавува приватни фотографии од нејзиниот дом. Но, годинава реши да сподели неколку детали од декорацијата на ентериерот, инспирирана од празникот Ноќта на вештерките.

Резбањето тикви е една од оние активности поврзани со овој ден, којшто е многу популарен во западните земји. Токму затоа Северина одлучи да го украси својот простор со неколку резбани тикви.

Фото: Инстаграм/Северина

На задоволство на нејзините обожаватели, таа сподели и своја фотографија во лежерно издание.

Фото: Инстаграм/Северина

Фотографиите кои ги објави открија уште некои детали од нејзиниот дом, како металениот свеќник и акустичната гитара во позадина. Дефинитивно, Северина има одличен вкус!

ВИДЕО | Матурска забава: Погледнете како изгледала Северина на 19 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот