ФОТО | Џенифер Лопез и Бен Афлек си направија заеднички тетоважи за Денот на вљубените

Фото: Инстаграм/Џенифер Лопез

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек, кои се венчаа во летото 2022 година, го прославија својот прв Ден на вљубените како брачен пар.

Џенифер Лопез и Бен Афлек
Бен Афлек и Џенифер Лопез на Венецијанскиот филмски фестивал во 2021 година / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Колку овој ден беше важен за „Бенифер“, како што медиумите ги нарекоа кога првпат беа заедно на почетокот на 2000-тите, покажува и тоа што на празникот што го слави љубов тие одлучиле повторно да ја докажат својата посветеност еден на друг.

Латино дивата Џеј Ло сподели повеќе фотографии на Инстаграм со порака:

„Посветеност. Среќен ‘Ден на вљубените’, љубов моја.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


На првата фотографија ја гледаме Џенифер како ја покажува својата нова тетоважа – симбол на бесконечност прободен со стрела, а таа одлучила да го наслика телото под градите. На едниот дел од симболот пишува „Џенифер“, а на другиот „Бен“.

Новата тетоважа сега се наоѓа и на телото на Афлек, а тој одлучил цртежот на две вкрстени стрели со почетните букви од нивните имиња да биде под пазувите.

Фото: Инстаграм

Додека Џенифер Лопез не е голема обожавателка на тетоважи, нејзиниот сопруг има голема тетоважа за која многу се зборуваше пред неколку години. Имено, Бен Афлек има огромен и шарен феникс по целиот грб, а Џеј Ло еднаш изјави дека тоа воопшто не ѝ се допаѓа.

„Ужасна е! И тоа би му го кажала! Што правиш? Има премногу бои! Неговите тетоважи секогаш имаат премногу бои. Не треба да бидат толку шарени, знаете на што мислам? Тие треба да бидат, веќе знаете, кул“, го прозва Џенифер во својата изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tim Alderman (@timalderman38)


Афлек првпат ја покажа својата тетоважа во 2015 година, по разводто со актерката Џенифер Гарнер, а на интернет дури се шпекулираше дека е лажна.

ФОТО+ВИДЕО | Драма на Греми: Џенифер Лопез му се налути на Бен Афлек

ВИДЕО | „Џен, ништо не пиев, добро?“: Бен се правда додека Лопез го прекорува со поглед

Џенифер Лопез со видео и досега невидени свадбени фотографии ја испрати 2022 година

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот