ВИДЕО | „Џен, ништо не пиев, добро?“: Бен се правда додека Лопез го прекорува со поглед

Латино дивата Џенифер Лопез била со својот сопруг – познатиот актер Бен Афлек на прослава во Лос Анџелес по повод премиерата на нејзиниот нов филм „Shotgun Weeding“. Некој од присутните гости успеал да „улови“ и сними интересен момент, мала расправија меѓу славната двојка.
View this post on Instagram
Видеото кое е погледнато повеќе од 5 милиони пати го прикажува Бен како ѝ гестикулира со раката на Џеј Ло, покажувајќи ѝ дека ништо не пиел, додека пејачката му упатува строг поглед.
„Џен, ништо не пиев, добро?“, се пошегувал тиктокерот кој го објавил видеото, а кое има повеќе од 200.000 допаѓања и илјадници коментари.
@life_with_matt #duet with @alliworkscarpets #benaffleck ♬ original sound – Alli Works Carpets
„Јас само знам дека Џенифер Гарнер спие мирно, „Овој брак нема да издржи подолго од 18 месеци“,„Џен дефинитивно проверува што има во неговата чаша“, “„Проблеми во рајот“, „Можеби Џен пие од неговата чаша за да провери дали има алкохол во пијалакот“, „Бен изгледа навистина преплашено“, беа само дел од коментарите под видеото.
„Ова сум јас… сега“: Лопез ги избриша сите фотографии на Инстаграм, а потоа му посвети песна на Бен
Џенифер Лопез со видео и досега невидени свадбени фотографии ја испрати 2022 година
Бен Афлек ѝ изгравирал романтична порака на прстенот на Џенифер Лопез