Џенифер Лопез со видео и досега невидени свадбени фотографии ја испрати 2022 година

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез на Инстаграм објави дека минатата 2022 година била една од најдобрите години во нејзиниот живот. Латино дивата објави прекрасна компилација со кратки видеа од годината која измина проследено со досега невидени фотографии од венчавката со Бен Афлек во август.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Во описот, таа напиша:

„2022 беше една од најдобрите години досега!!! Едвај чекам што сѐ ќе се случи оваа година“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џенифер се омажи за Бен во неговата вила во Џорџија (САД), вредна 8,9 милиони долари, на 20 август. Џенифер и Бен, инаку, првпат се запознаа 2002. и беа во врска до 2004 година, но тогаш им се разделија патиштата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Бен потоа се ожени со глумицата Џенифер Гарнер, со која ги има децата Вајолет, Серафина и Семјуел, но брачната двојка се раздели во 2018 година. Лопез се омажи за латино-пејачот Марк Ентони во 2005 година и ги доби близнаците Ем и Макс три години подоцна. Се разведоа во 2014 година.

ФОТО | Џенифер Лопез за „Вог“: Многу луѓе не сакаа да бидам со Бен Афлек

Бен Афлек ѝ изгравирал романтична порака на прстенот на Џенифер Лопез

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот