ФОТО | Џеф Безос и неговата свршеница позираа за „Вог“: Би сакал да не ја видев оваа фотографија

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Vogue

Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез направија заедничко интервју за престижниот моден магазин „Вог“ за претстојно декемвриско издание, кое беше придружено со гламурозна фотосесија.

Но, кога магазинот сподели една од фотографиите од снимањето на својата страница на Инстаграм во понеделникот, многу луѓе се шегуваа на сметка на тоа во делот за коментари, споредувајќи ја двојката со „споредни актери во теленовела“ и нарекувајќи ги „пародија генерирана од вештачка интелигенција“, пишува „Дејли меил“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Vogue

Некои дури и го обвинуваат магазинот дека ги фотошопирал мускулите на основачот на „Амазон“ и дека фотографијата изгледа нереална и непријатна за гледање.

На фотографијата Џеф седи на предното седиште во камион, додека Лорен се наведнува од совозачката страна и ги обвива рацете околу нејзиниот вереник.

Веднаш по објавувањето на фотографијата интернет корисниците почнале да коментираат:

„Никогаш не ми било понепријатно од фотографија“,
„Би сакал да не ја видев оваа слика“,
„Ова е многу ‘чудно’. И дефинитивно не е ‘Вог’ – во секој поглед. И јас сум сега многу љубезен“,
„Искрено мислев дека оваа фотографија е пародија генерирана од вештачката интелигенција. Или иронично фотошопирана. Дали е ова е вистински пост… на Вог?“,
„Никој не ја сака оваа содржина“,
„Зошто изгледаат како да се актери во теленовела?“…

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Vogue
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Vogue
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Vogue

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот