ФОТО: Две сообраќајки кај Канцеларијата на ЕУ во Скопје и потсмешливи коментари на социјалните мрежи

Сообраќајки кај Делегацијата на ЕУ/ Фото: Твитер

Утрово две сообраќајки се случија во близина на Канцеларијата на ЕУ во центарот на Скопје. 

Имено, рано утрото во 4 часот, во неделата, жена со автомобил влета во Канцеларијата на Европската Унија на булеварот „Свети Климент Охридски“ при што, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, нејзиниот автомобил „опел астра“ е видно оштетен, а стаклото од Канцеларијата искршено.

Неколку метри подолу, претпладнево автомобил „матиз“ со скопски регистарски таблички се заби во заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ.

Двете сообраќајки во кои за среќа нема жртви, се коментираат на социјалните мрежи како „обид за влегување во ЕУ“. Еве некои од коментарите на Твитер:

Полицијата по направениот увид треба да ги открие причините за двете сообраќајки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот