ФОТО | „Доста беше“: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ роденденски ја запроси девојката Соња

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ преку фотографија на неговиот инстаграм-профил откри дека ја запросил неговата девојка Соња Тодорова.

Соња Тодорова и Димче Арсовски / Фото: Инстаграм

Арсовски сподели фотографија на која ја држи дланката на Сања со вереничкиот прстен, а во објавата напиша „Доста беше, до вечноста“.

Фото: Инстаграм

И Соња ја сподели веста на нејзиниот инстаграм-профил, откривајќи дека Арсовски ја побарал нејзината рака еден ден по неговиот роденден.

Фото: Принскрин – Инстаграм

„Роденденски подарок за мене или него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“, напиша таа под објавата, а сподели и стори од моментот на запросувањето.

Фото: Инстаграм

Инаку, идната сопруга на Арсовски, Соња Тодорова е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот