ФОТО: Бујната Ким Кардашијан учи право во најминијатурно бикини

Новите жешки фотографии на старлетата Ким Кардашијан за еден час собраа 1,5 лајкови, а ќе ви стане јасно зошто, веднаш откако ќе ги погледнете.

Најпознатата старлета на светот позира во најминијатурното можно бикини покрај масата натрупана со книги. Тука е и нејзиниот светкав лаптоп.

Ким, уште пред неколку години најави дека сака да стане адвокатка и дека ќе студира право. Добро, старлетата не е баш запишана на правен факултет, но прави четиригодишна пракса во адвокатска фирма веќе три години. Патем, во Калифорнија е легален начин некој да стане адвокат без да посетува правно училиште.

Иако во описот на фотографиите напишала дека учи, според приложеното, може да се види дека старлетата повеќе се занимава со своето бикини. А, попатно, долниот дел од нејзиното бикини, додека така совесно „учи“ ѝ лизнал, па открил и премногу.

Ким треба да биде официјално ангажирана во адвокатската канцеларија на почетокот на следната година, а дотогаш треба да учи вредно за да го оствари својот сон и да стане врвен адвокат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот