ФОТО | Босанската инфлуенсерка проговори за трагедијата: Ги погребав сопствените деца

Фото: Инстаграм

Раѓањето на дете секогаш е најсреќниот ден во животот на родителите, на целото семејство.  За жал, илјадници новопечени мајки доживуваат трагедии и трауми, кои засекогаш оставаат болна, неизбришлива трага во нивниот живот.

Една од нив е и познатата инфлуенсерката и шминкерка Мерјем Нухиќ, позната како Терс Босанка, која со својот сопруг Ајдин Нухиќ, поранешен фудбалер од Сараево, доживеале страшна загуба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TERS BOSANKA (@ters_bosanka)

Мерјем, која на Инстаграм ја следат 105.000 луѓе, на социјалната мрежа ја сподели својата тажна приказна за загубата на предвремено родените бебиња. Таа го направила тоа една година по болното искуство. Мерјем и нејзиниот сопруг минатата година требало да станат родители на девојче и момче. Но, за жал, тие по предвременото породување, ги изгубиле бебињата.

„Тоа требаше да биде обичен преглед, отидов на гинеколог да земам брис, а таа наеднаш скокна и рече: „Ти се пораѓаш.“ Со сопругот истрчавме на паркинг и за две минути бевме на Кошево“, напишала Мерјем во објавата.

Мерјем вели потоа ѝ бил одземен мобилниот телефон и дека немала никаква комуникација со надворешниот свет. Но, она што ѝ било најтешко е тоа што дури ниту сопругот не смеел да ја посети. Открила дека секое утро се будела во чудо и дека не може да ја прифати реалноста или да разбере зошто е во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TERS BOSANKA (@ters_bosanka)

Мерјем напишала, меѓу другото, дека предвремено родила две здрави, прекрасни бебиња.

„Ги галев моите бебиња и им зборував: „Стрпете се уште малку и ќе си одиме дома“, со надеж дека тоа ќе се случи наскоро. Се тешев и ја криев вистината. Следниот месец не видов никој. Додека сите од болница ги изнесуваа своите деца и трчаа во прегратките на своите семејства, јас излегов со празни раце и со болно срце, а своите деца утредента ги спуштивме во гроб. Тој момент сигурно ќе биде нешто со кое ќе се будам и ќе одам на спиење до крајот на животот“, открила Мерјем.

Таа нагласила дека пред една година се простила од себе, односно од храбрата, борбена и весела личност. Како што вели, таа запознала едно нова Мерјем. По болното искуство, таа ги замолила своите следбеници да ја почитуваат нејзината приватност. Откако физички се опоравила од породувањето, Мерјем морала да стане и да застане пред луѓето. Дури тогаш, вели таа, сфатила дека се соочува со храброста.

„Првпат кога ги видов сите оние погледи на себе кои ги гледам и денес, секој пат ми проаѓаа морници. Никогаш не ја сакав улогата на жртва. Ми требаше време да ја запознаам новата себе, да исплачам, да одболувам, да бидам повторно насмеана. Не сакав да ме гледаат празна и уништена. Сакав да закрепнам. Секое утро беше тешко, и денес, но тоа е животот“, напишала Мерјем во трогателната објава на Инстаграм.

Инфлуенсерката додала и неколку фотографии од болницата, како и фотографија на која е насмеана.  Како што истакнала, за таа насмевка ѝ била потребна голема храброст. Покрај неа постојано бил и нејзиниот сопруг Ајдин, кој ѝ е голема поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TERS BOSANKA (@ters_bosanka)

„Не знам дали можам да ви доловам колку солзи, тешки ноќи, чукања на срцето беа потребни за оваа насмевка денес, една година подоцна, не би ми верувале, но знам само една работа кога би ја знаеле целата приказна, знам дека би биле горди на мене. Ве сакам и ви благодарам за ветрот во грбот, ви благодарам за љубовта“, објавила Мерјем, заблагодарувајќи им се на сите за големата поддршка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот