ФОТО | Барак Обама не ѝ одолеа: Ja фати Мишел за задникот за време на семејниот одмор во Грција

Фото: Instagram/ BarackObama

Поранешниот претседател Барак Обама беше фотографиран како ја допира Мишел за задникот, за време на одморот со неговото семејство во Грција, пишува „Пејџ сикс“.

Политичарот (61) и неговата сопруга (59) биле на разглед на Акропол, во Атина заедно со ќерките Малија (24) и Саша (22). Но, тоа не го спречило да флертува со Мишел, па посегнал по нејзиниот задник.

Барак бил лежерно облечен во сина кошула во комбинација со бели панталони и патики, додека Мишел се одлучила за зелен комбинезон и бел џемпер.

Фото: Instagram/ BarackObama

Нивните деца, исто така, изгледале одлично. Саша носела спортски фармерки и виолетов топ, а Малиа одбрала комбинација со кафено здолниште и чизми.

Семејството уживало во историската тура, покрај неверојатниот грчки раскош, заедно со останатите туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот