Фон Дер Лајен: Албанија ја исполни својата цел, сега останува на ЕУ да го направи својот дел

Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/YVES HERMAN

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Тирана рече дека Албанија постигна напредок во судските реформи и дека сега Брисел треба да го стори својот дел.

„Мојата порака е јасна. Иднината на Албанија е во ЕУ. Европската комисија е цврста во својата посветеност. Со добар напредок во реформите во судството, Албанија јасно ја исполни својата цел, сега останува на ЕУ да го направи својот дел“, објави Фон дер Лајен на Твитер, заедно со фотографијата со албанскиот премиер Еди Рама.

Со посетата на Тирана, Фон дер Лајен ја започна турнејата на Западен Балкан за време на која, како дел од подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, организиран од Словенија на 6 октомври, ќе ги посети Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и БиХ.

По средбата со Рама, таа се сретна и со претседателот на Албанија, Илир Мет, а темата на разговор, како што пренесува АБЦ, е европската перспектива на Албанија.

Извор: ABC

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот