ФК Вардар објасни зошто терминот за натпреварот против Кожув морал да биде променет

Навивачите на Вардар, „Комити“ претходно во текот на денот изразија револт за промената на терминот за натпреварот со Кожув, а сега клубот излезе со соопштение на што се должи необичниот термин на натпреварот.

Според клупското соопштение Вардар морал да го промени терминот и да го игра натпреварот утре од 13:00 часот затоа што не добил дозвола за користење на неколку терени за време на викендот.

„ФК Вардар ги известува своите навивачи и приврзаници дека терминот за натпреварот во рамките на 15-тото коло од ВМФЛ против екипата на Кожуф (утре, петок 9 декември од 13 часот на стадионот Борис Трајковски во населба Маџари во Скопје) се должи на тоа што не наидовме на одобрение за користење на терените во Скопје за време на викендот (Градски стадион, стадион на Македонија ЃП во населбата Ѓорче Петров, стадионот Железарница во населба Автокоманда, комплекс ФФМ и стадионот Борис Трајковски во населба Маџари, Скопје) Од таа причина единствени термини кои ни беа на располагање беа петок и вторник, одлучувајќи се за утрешниот. Уште еднаш ги повикуваме сите навивачи на нашиот клуб утре да ја дадат неопходната поддршка кон уште една победа и чекор поблиску до остварувањето на нашите цели“, објавија од Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот