Физички напад на лекар од Клиничката болница во Тетово

Тетовска болница. / Фото: МИА

Лекар во Клиничката болница во Тетово пријавил дека бил нападнат од 32- годишен пациент по што интервенирала полицијата. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден, по што напаѓачот бил хоспитализиран во скопска здравствена институција. 

– Во 8 часот и 25 минути, 47-годишен лекар од тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавил дека на Психијатриското одделение физички бил нападнат од 32-годишниот пациент К.И.од тетовско Боговиње, по што бил смирен и испратен за хоспитализација во скопска болничка установа, соопштија од СВР Тетово.

Тетовската полиција вчера попладне регистрираше и физички напад во семејство на улицата „Мирче Ацев” во градот. Триесетгодишна жена во СВР Тетово пријавила дека во нивниот дом по вербална расправија со снаата, два пати физички ја нападнал нејзиниот 29-годишен брат. Пријавениот е повикан во Полициската станица во Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот