Финансиската полиција удри по фирмите што нелегално тргувале со тутун: ПОГЛЕДНЕТЕ ГО СПИСОКОТ

Откуп на тутун/Фото: Скриншот

Финансиската полиција превзема акции против фирмите што вршеле нелегална трговија со тутун, јавува Алсат. Акција се случила во текот на ноќта и раните утрински часови. Биле претресувани компании кои увезувале штетен и нелегален тутун „вирџинија” во Македонија.

Според телевизијата, акцијата на финансиската полиција била против фирмите: ЛРБ Фреш, Контрактор Трејд, Неед Фор Спеед, Урбан Логистик и Урбан Транс.

Управата за финансиска полиција пред два дена спроведе акција во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот