Финансиската полиција за запленетиот тутун во Љуботен: Државниот буџет оштетен за 7,5 милиони евра – Слободен печат
ВестиЕкономија

Финансиската полиција за запленетиот тутун во Љуботен: Државниот буџет оштетен за 7,5 милиони евра

Управата за финансиска полиција истакнува дека акцијата е спроведена по претходно спроведени контроли и истражни дејствија дека група правни и физички лица од државата увезуваат од оваа недозволена сорта тутун  кој потоа се носи на повеќе локалции.

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија”, а не била наменета против локалното население кое се занимава со одгледување и производство на домашен тутун

„Мораме да напоменеме дека акцијата беше наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволена сорта на тутун од типот „Вирџинија” која во себе содржи енормно високо ниво на катран и песитциди и истиот е штетен по здравјето на луѓето. Целта на акцијата не беше да се конфискува тутун производен од локалното население, туку нелегално увезениот и штетен тутун по животите на нашите граѓани. Првичните информации говорат дека над 90 проценти од запеленетиот тутун потекнува од нелегалниот увоз и од штетната сорта Вирџинија“,  се наведува во соопштението.

Управата за финансиска полиција истакнува дека акцијата е спроведена по претходно спроведени контроли и истражни дејствија дека група правни и физички лица од државата увезуваат од оваа недозволена сорта тутун  кој потоа се носи на повеќе локалции каде се сече, реже и пакува во амбалажа од 300, 500, 800 или 1000 грама и се обележува со натпис од познати брендови.

„Така добиениот готов производ кој претставува опасност по здравјето на граѓаните без акцизна бандерола нелегално се продава на пазарот во Република Северна Македонија, спротивно на законските обвсрки, односно се избегнува плаќање на акциза, со што во текот на 2018 и 2019 година, Буџетот на Република Северна Македонија е оштетен за 7,5 милиони евра“,  појаснуваат од Управата за финансиска полиција.

Оттаму изразуваат жалење доколку вчерашната акција предизвикала вознемиреност кај локалното население и информираат дека денеска директорот на Управата одржал состанок со претставник на месната заедница на селото Љуботен и со дел од жителите на селото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close