Филипче: Сега повеќе од било кога е јасно какви се ефектите и последиците од болест за која немаме вакцина

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител, потенцираше дека изминатиот период интензивно се работеше на координација и подготовка на здравствениот систем за вакцинацијата против ковид-19. На средбите, економските оператори кои и сега складираат и дистрибуираат други вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство покажале волја и подготвеност да бидат дел од системот на прием, чување и дистрибуција на вакцините против ковид-19 до нашите здравствени домови.

Тој истакна дека во месец јануари 2021 година ќе пристигнат фрижидерите на -70 степени за вакцината од компанијата Фајзер.

Филипче информираше дека преку три механизми бараме по 800 илјади дози вакцини, а целта е да се вакцинира 60% до 70% од населението, повторно нагласувајќи дека први за вакцинација ќе бидат здравствените работници, посебно оние кои работат со ковид пациентите, понатаму повозрасните граѓани над 65 години, пациентите со хронични болести, особено оние со хронични болести на белите дробови, срцето.

Вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните и на доброволна основа, но со цел да се подигне свеста за потребата од вакцинација, Филипче најави дека се подготвува кампања, воедно и дека ќе бидат преземени сите мерки, вклучително и повикување на одговорност за оние кои ќе шират лажни вести во врска со неефикасноста на вакцината или нејзината поврзаност со некои болести.

„Видовме и бевме сведоци на силна антиваксерската кампања минатата година за време на епидемијата со морбили. И тогаш имавме сериозен проблем. Но сега, повеќе од било кога е јасно какви се ефектите и последиците од болест за која немаме вакцина.”, посочи Филипче.

Тој одговарајќи на прашањето околу тоа дали е подготвен за интерпелацијата, што ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, односно дали има со што да ја одбрани неговата работа, рече дека апсолутно има.

– Апсолутно. Резултатите за брзата реорганизација на здравствениот систем, одговорот којшто го дадоа здравствените работници  Го подготвивме системот за нешто за што никогаш не бил подготвен, ниту било кој систем во светот бил подготвен да пречека ваква криза. Очигледно дека лидерот на опозицијата, верувам дека има долга листа, не знам дали него некој му подготвува листа за интерпелација, но ќе видиме, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот