Филипче: Околу 15 семејства вкупно носат околу 90 проценти од новозаразените (ВИДЕО)

Продолжува тестирањето на сите контакти на заболените во кризните општини, од денес до вчера таргетирано се тестираше, и кластерската анализа покажува дека околу 15 семејства вкупно носат околу 90 проценти од новозаразените, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

-Болеста се шири тесно во овие кластери, но има и нови спорадични случаи кои не може да се поврзат со овие семејства, што значи дека вирусот постои и воопшто не значи дека нема и надовр од овие калстери и затоа остануваме максимално претпазливи- рече Филипче.

На самиот почеток министерот ја изнесе денешната статистика за новозаразените пациенти со ковид-19.

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4. Починати се две лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември” почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај- истакна Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19, рече министерот.

-Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември”. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот